Хаклаб — Сподели wiki (original) (raw)

Што

Лого за КИКА хаклабот во Скопје

Лого направено од Гоце Митевски за хаклабот КИКА во Скопје

Технолошка автономна зона, која ќе се користи за промовирање на користењето и развојот на еманципирачки технологии како слободниот софтвер, јавниот, отворен и пристапен интернет и алтернативните медиуми базирани на социјалните мрежи.

Ваквите технолошки автономни зони накратко познати како хаклаби или медиалаби го промовираат активното учество на граѓаните и ја поттикнуваат креативната употреба на технологијата, како одговор на отуѓувањето и пасивното конзумирање што најчесто се поистоветува со компјутерската технологија.

Лабораторијата ќе им овозможи на учесниците употреба на своето знаење во пријатна атмосфера, со слободен пристап до брз и неограничен интернет и шанса за стекнување нови знаења инспирирани од работата во помали групи на луѓе со исти или слични интереси во сферата на информатичката и комуникациската технологија.

Зошто

Отворање на првата технолошка автономна зона „Сподели“ со двата редовни настани „Сподели знаење“ и „Сподели кино“ има директна врска со подигањето на технолошката писменост и пристап до новите Интернет технологии преку размена на знаење и непосреден контакт со определени целни групи: студенти на технички науки, технолошките ентузијасти уметници и членови на креативните индустрии и воопшто оние кои ги интересираат крстосниците помеѓу технологијата, културата и општеството.

Лабораторијата ќе ги има следнива одредници како оска околу кое ќе гравитираат целите за нејзиното успешно функционирање

Како

Преку користење на слободен софтвер и четирите слободи кои се камен темелникот на ГНУ/Опшата јавна лиценца им даваат плодна почва на хакерите да работат на своите проекти. Користењето на слободниот софтвер е практичен и личен избор но и политичка изјава за тоа како треба да изгледа софтверската иднина и во која насока треба да го следиме и трасираме технолошкиот развој.

Со помош на слободниот софтвер можеме, лесно, брзо и со незначителни трошоци во однос на придобивките да ги решиме повеќето од проблемите со кои се соочуваат корисниците при извршување на своите активности.

Слободниот софтвер ни ја дава автономијата и слободата да менуваме, анализираме, преработуваме и споделуваме.

Други интернет страници за активностите на Хаклаб

Каде

Улица „Коста Шахов“ бр. 7, стан 5

Мапа : https://www.google.com/maps/place/Kika+Hacklab/@41.995888,21.4229607,17.99z/data=!4m5!3m4!1s0x0:0x4f23a320663c1429!8m2!3d41.9959045!4d21.4238311

Лого

Види Хаклаб/Лого

Медиумите за хаклабот

Целна група

TODO за хаклабот

Хаклаб/TODO - некои работи кои треба да се завршат за успешно функционален Хаклаб