Emil Niami - Academia.edu (original) (raw)
Uploads
Papers by Emil Niami
Супстантивацијата претставува посебен процес на премин на зборовите од една морфолошка категорија... more Супстантивацијата претставува посебен процес на премин на зборовите од една морфолошка категорија во категоријата именки. Како резултат на ваквиот премин се добиваат зборови со граматички и семантички карактеристики на именки. Теоретски збор од која било морфолошка класа може да премине во именка, но најчесто оваа појава се забележува кај придавките и кај прилошките определби. Целта на овој труд е да ги групира супстантивираните придавки и прилошки определби во македонскиот и во рускиот јазик според нивното семантичко поле, да ги категоризира според нивната стилска маркација и според употребата во соодветниот јазик, а исто така да изврши и споредба на оваа категорија зборови во двата јазика
Во статијата се осврнуваме на најгорливите проблеми со употребата и изучувањето на рускиот јазик ... more Во статијата се осврнуваме на најгорливите проблеми со употребата и изучувањето на рускиот јазик во Украина, особено во нејзиниот источен дел, каде за мнозинството од населението рускиот е мајчин јазик. По промената на власта во Украина во 2014 година се промени и јазичната политика поврзана со употребата на рускиот јазик. Ова, од своја страна, предизвика бран незадоволство кај руско јазичното население, особено во источниот дел на Украина. Целта е да ги согледаме местата каде настанал проблемот, зошто (не)употребата на рускиот јазик претставува проблем за локалното население, кои се законските нормативи во поглед на употребата на јазиците во Република Украина, како и можностите за надминување на несогласувањата низ призмата на социолингвистиката и нормативите на јазична политика според меѓународното право
Едно од важните прашања во теоријата на преведувањето е проблемот на пренесувањето на стилската о... more Едно од важните прашања во теоријата на преведувањето е проблемот на пренесувањето на стилската обоеност на јазикот. Постигнувањето „еквивалентност“ на преводот го подразбира и фактот дека преведувачот мора да биде способен да ја пренесе смислата на стилските особености во јазикот на преводот, од што зависи и квалитетот на самиот превод. Со оглед на фактот дека „еквивалентноста“ на ниво на стилот е услов за да може да се оцени еден превод како успешен или неуспешен, во овој труд се прави анализа на стилот на преводот на Марија Најчевска-Сидоровска на драмата „Вишновата градина“ од А. П. Чехов со цел да се види дали преведувачот успеал да ги задржи пренесе стилските особености на во јазикот-цел