Одделение за внатрешна ревизија - Општина Кичево (original) (raw)
Одделението за внатрешна ревизија ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Внатрешна ревизија согласно закон и други прописи и со системот и процедурите за внатрешна ревизија, воспоставени од општината, согласно меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија, прифатени од Министерството за финансии
- Подготвување на годишен план за внатрешна ревизија, а по одобрување од Градоначалникот на Општината обезбедува негово спроведување и следење
- Внатрешна ревизија на регуларност, финансиски ревизии, системски, ИТ ревизии и ревизии на успешност (економичност, ефикасност и ефективност)
- Доставување на извештаи за извршената внатрешна ревизија до Градоначалникот и до Одделението за хармонизација на внатрешната ревизија при Министерството за финансии
- Подготвување на годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија
- Оценување на значајни фактори на ризик и давање совети на Градоначалникот за намалување на факторите на ризик
- Утврдување и оценување на економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето по системите за финансиско управување и контрола врз основа на анализи од работењето
- Дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација
- Следење и проверување на точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи
- Утврдување и оценување на усогласеноста на работењето со законите и подзаконските акти на органите на општината
- Изготвување на стратешки план за ревизија, како и посебен план за секоја поединечна ревизија
- Ревизија на финансиското работење на општината и единките корисници на буџетски средства и усогласува со законската регулатива
- Ревизија на системите на контрола и други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
- Изготвување на упатсво за работа и повелба за внатрешна ревизија
- Информирање до раководителот на субјектот и лицето задолжено за известување за неправилности, за неправилности или сомнежи за измами или корупција, кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка
- Изготвување на годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија
- Изготвување на план за обука на внатрешните ревизори и следење на нивна имплементација и следење, проучување и применување на законските прописи и други општи акти во областа на внатрешната ревизија и од областа на локалната самоуправа
- Давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури на субјектот, изготвување и донесување на стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување
- Изготвување на извештаи од извршените ревизии
- Следење на спроведување на мерките преземени од раководителот на субјектот од јавниот сектор врз основа на препораките дадени во ревизорските извештаи и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи