Одделение за заштита на животната средина - Општина Кичево (original) (raw)
Одделението за заштита на животната средина ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Изготвување програма за заштита на животната средина
- Предлагање годишна програма за управување, собирање, транспортирање и постапување со комунален цврст отпад
- Организирање и учество во активностите поврзани со денови за одбележувајње и промовирање на екологија и друго
- Подготвување на програма за намалување на загадувањето на животната средина на подрачјето на општината
- Предлагање на мерки за следење на квалитетот, заштита и спречување од загадување на воздух, земјиштето и на природата на подрачјето на општината
- Давање предлози за прогласување на заштитено подрачје и за управување со него
- Предлагање мерки за заштита од бучавата и од нејонизирачко зрачење и грижење за нивно извршување
- Предлагање на проекти за заштита на животната средина што ќе поддржат со средства на донатори и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи