Сектор за комунални дејности, инфраструктура, сообраќај и енергетска ефикасност - Општина Кичево (original) (raw)
Skip to content Skip to main navigation Skip to footer
Структура
Одделение за комунални дејности, инфраструктура и сообраќај
Одделение за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
Надлежности
Секторот за комунални дејности, инфраструктура, сообраќај и енергетска ефикасност ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Изградба на инфраструктурни и капитални објекти, реализирање на програмата за уредување на градежно земјиште на општината
- Реализирање на програмата за изградба на инфраструктурни и капитални објекти
- Работа во врска со водата за пиење, технолошка вода и со отпадната вода, јавното осветлување, одржувањето на јавната чистота, управување со отпадот, организирањето на јавниот локален превоз на патници, одржувањето на гробиштата
- Работа во врска со изградба, одржување, реконструкција и заштита на локални патишта и на други инфраструктурни објекти
- Регулирање на режимот на сообраќајот и одржување на уличната сообраќајна сигнализација
- Одржување на зеленилото на јавните површини
- Одржување и користење на јавните пазари
- Дезинфекција, дезинсекција и дератизација
- Изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта
- Одржување и користење на паркови
- Снабдување на корисниците со природен гас и со топлинска енергија
- Изградба, одржување и реконструкција на водоснабдителни обејкти, канализациона мрежа, електрична мрежа, пешачки и трим патеки, детски и спортски игралишта, регулација на речни корита
- Подготвување на Програмата за Енергетска ефикасност на општината и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи