Tamara Ilieva | Univerzitet Goce Delcev (original) (raw)

Uploads

Papers by Tamara Ilieva

Research paper thumbnail of Jury Trial in Criminal Procedure

Со имплементацијата на одредбите од Законот за кривична постапка на РСМ кој, задирајќи во основни... more Со имплементацијата на одредбите од Законот за кривична постапка на РСМ кој, задирајќи во основниот облик на казнената постапка, претстави новоконцепиран систем на казнено-процесно право, останува отворено прашањето за потребата од воведување на порота во македонскиот правосуден систем. Дали е можно остварување на поефикасна казнена правда и правична и контрадикторна расправа во правосуден систем кој ги пресликува искуствата на англосаксонските системи и се остварува единствено како комбинација од нивните позитивни искуства со одредени недостатоци во целата слика на сложувалката? Дали воведувањето на порота како елемент кој недостасува во процесот на заокружување на акузаторниот процесен систем, може да се идентификува како суштински чекор кон унапредување на правата на странките и јакнење на независноста на судот? Низ елаборирање на овие прашања ќе ја видиме зрелоста на условите и подготвеноста на процесните странки за остварување на основни цели на реформата на казнено-процесното законодавство, преку потребата од соодветни дополнувања и измени во насока на целосно конципирање на правосудниот систем, јакнење на правдата и довербата на граѓаните во правосудниот систем на државата. Истражувајќи со помош на социолошки, компаративен и case study метод, ќе видиме дали воведувањето на порота во македонскиот казнено-правен систем, чии одлуки за вината на обвинетиот ќе бидат мериторни во однос на примената на правото од страна на судијата, се преамбициозни или се во сооднос со примената на процесните институти (вкрстено испрашување) кои ги воведе новиот ЗКП, а со цел целосна конструкција на главната расправа, односно казнената постапка воопшто.

Log In