Извештај: од археолошките ископувања на локалитет Калимерово (original) (raw)

Извештај: од археолошките ископувања на локалитет Калимерово

2012

Abstract

ABSTRACT Во месец Декември 2012 година, во текот на четири работни дена, беа изведени теренски археолошки истражувања на локалитетот Калимерово. Истражувањата се дел од поширокиот проект "Пајонски утврдувања, населби и некрополи по долината на река Брегалница", чиј носител е Универзитет "Гоце Делчев" од Штип, под раководство на Доц. Д-р Трајче Нацев. Археолошкиот локалитет Калимерово се наоѓа на 3,6 км. југозападно од Штип, до самиот пат Кочани textendash Радовиш. По претходно извршено рекогносцирање на околниот терен, беше поставена сонда 1 на локација на која беше утврдена повисока концентрација на фрагменти од градежна и садова керамика на површината. Ископувањата се вршеа на рамна речна тераса на десниот брег на р. Брегалница. Сонда 1 е со димензии 2х3 метра, позиционирана по страните на Светот (С-Ј = 2м. и И-З = 3м.). Уште од самиот почеток беа вклучени студенти од катедра Археологија и Историја на Факултетот за образовни науки при УГД. Целта на овие истражувања беше да се утврди вертикалната стратиграфија на локалитетот. Беше достигната вкупна длабочина од 1,1 м. при што беа утврдени пет слоја.

Trajce Nacev hasn't uploaded this paper.

Let Trajce know you want this paper to be uploaded.

Ask for this paper to be uploaded.