Кон „Аналите“ на Kорнелиј Такит (original) (raw)

Кон 'Аналите' на Корнелиј Такит" in Такит, Анали, превод од латински и поговор Љ. Басотова, Три, Скопје, 2005.] "Ништо ме нема толку израдувано, како она што неодамна ми го раскажа Корнелиј Такит. На последниве трки, ми вели тој, до него седел некој римски витез. Си размениле по неколку учени реченици, и витезот туку го прашал: ' А ти си од Италија, или од провинциите?' Такит му одговорил: ' Ти веќе ме знаеш, и тоа од она што си го читал'. На ова, витезот му вратил: 'А! Ти си Такит, или Плиниј?'" * * Plin. Ep. 9.23.2-3. Дали бил аристократ, или човек од народот? Не ги знаеме неговите родители, ниту пак имаме податок за неговите роднини. Ако судиме според семејното име, Корнелиевците биле стари римски аристократи; но, не знаеме, ќе нè опоменат скептиците, дали нашиот Такит бил фиданка токму од тие Корнелиевци -неговите галски предци можеби го зеле презимето на управникот кој им дал римско граѓанско право.