Книжевните „дешифрирања“ на Венко Андоновски (original) (raw)

Поезијата во романите на Венко Андоновски

Зборник на трудови од Третата меѓународна научна конференција ФИЛКО (филологија, култура, образование), 2018

Класичната класификација на книжевноста на „поезија“ и „проза“ (според формата на книжевните дела, односно според нивната синтакса, кажано со модерниот книжевно-теориски вокабулар) е од поодамна разнишана во постмодернистичкиот книжевен модел. Во овој труд ја илустрираме ваквата постмодернистичка книжевно-уметничка стратегија преку анализа и интерпретација на дискурсот со доминантно поетски специфики во четирите романи на Венко Андоновски: Азбука за непослушните (1994), Папокот на светот (2000), Вештица (2006) и Ќерката на математичарот (2013). Во елаборацијата на прашањето за поетскиот јазик во романите на Андоновски во голема мера ќе бидат применети книжевно-теориските истражувања на Јуриј Лотман за второстепената уреденост на јазикот во поетскиот израз со чија помош ќе се покаже и ќе се докаже поставената теза за обемното присуство на „поетската нарација“ во романите на македонскиот автор Венко Андоновски чие книжевно дело веќе подолго време се афирмира не само на европската туку и на современата светска книжевна сцена.

Секциско предавање на тема „Поезијата во романите на Венко Андоновски“

На III Меѓународна научна конференција ФИЛКО што се одржа на 26 и 27 април 2018 година во Штип во коорганизација на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Филолошкиот факултет при Воронежкиот државен универзитет во Русија, професорот Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Поезијата во романите на Венко Андоновски“. Во текот на секциското предавање беше истакнато дека предмет на анализа во излагањето, всушност, се четирите досега објавени романи на Венко Андоновски: „Азбука за непослушните“ (1994), „Папокот на светот“ (2000), „Вештица“ (2006) и „Ќерката на Математичарот“ (2013). Уште на почетокот беа извршени две суштински дистинкции што се значајни за темата што се елаборира: а) поезија – проза; б) првостепена уреденост на природниот јазик – второстепена уреденост на природниот јазик. Имено, поезијата, едноставно кажано, ја дефинираме како литература во форма на стих со метричка и со стилско-фигуративна уреденост. Прозата, исто така едноставно кажано, ја дефинираме како врзан текст или дискурс којшто не е метрички уреден како поезијата. Во врска со втората дистинкција, беше истакнато дека првостепената уреденост на природниот јазик ја подразбира организираноста на јазикот како систем од знаци од фонолошки и фонетски, морфолошки, лексиколошки и фразеолошки, како и синтаксички аспект, додека второстепената уреденост на природниот јазик подразбира примена на дополнителни правила (норми, законитости) коишто се од фундаментално значење за структурирањето на книжевно-уметничките текстови. Во текот на излагањето беа наведени бројни примери кои ја илустрираат тезата за доминантното присуство на поетскиот израз во четирите романи на Андоновски (версети, парономазија, метафора, компарација, каламбур, метонимија, парадокс и слично) со што се покажа и се докажа оправданоста на избраната тема од насловот на излагањето.

Оксиморонот во „Нежното срце на варварот“ од Венко Андоновски

Зборник на трудови од Четвртата меѓународна научна конференција ФИЛКО (филологија, култура, образование), 2019

Трудот претставува книжевно-теориска интерпретација на оксиморонските поетски структури во збирката „Нежното срце на варварот“ од македонскиот автор Венко Андоновски. Целта на ова истражување е да се провери (да се потврди или да се отфрли) работната хипотеза дека стиховите во оваа поетска збирка од Андоновски се доминантно оксиморонски со оглед на оксиморонскиот карактер на насловот на стихозбирката. Во таа смисла, ќе се истражува и присуството на уште неколку стилски фигури кои според својата структура гравитираат кон оксиморонот како семантичка метабола: парадокс, тавтологија, плеоназам и иронија. При интерпретацијата ќе се оперира со општите научно-истражувачки методи како што се анализа, синтеза, индукција, дедукција и компаративниот метод со чија помош ќе се дојде до заклучокот во кој се афирмира поставената работна хипотеза за доминацијата на оксиморонот во поетската збирка „Нежното срце на варварот“ од Андоновски.

Метафората во романот „Ќерката на Математичарот“ од Венко Андоновски

Palimpsest, Vol 6, No 11, 2021

Бобан Перески е коавтор на трудот. Целта на овој труд е да се прикаже и анализира стилската фигура метафора во романот „Ќерката на Математичарот“ од македонскиот писател Венко Андоновски. Всушност, тука ќе биде прикажана анализа на одделни метафори присутни во романот, кои се значајни како од стилистички, така и од семантички аспект, односно ќе биде интерпретирано нивното значење во даден контекст. Со оглед на фактот дека станува збор за две приказни (два романа) кои имаат еден ист заеднички крај, првично се прикажани и анализирани метафорите во Големата книга која ги содржи Предговорот на уредникот со важно упатство за читање и првиот дел со наслов Книга невиност, а потоа метафорите во Малата книга каде што се наоѓа вториот дел со наслов Книга распетие и заедничкиот крај на Големата и Малата книга со наслов Книга воскресение.

Семиологија на неантропоморфниот лик во романот „Ќерката на Математичарот“ од Венко Андоновски

Palimpsest, 2020

Маријана Горгиева-Ристевска е коавтор на текстот. Овој труд претставува приказ на одредени неантропоморфни ликови во романот „Ќерката на Математичарот“ од Венко Андоновски, а се укажува и на нивната симболика. Во овој труд се зборува и за семиологијата на неантропоморфниот лик, односно за антропоморфен – неантропоморфен лик. Овие поими накратко ги дефинираме и ги образложуваме од книжевно-теориски аспект преку цитати. Во овој роман ги анализираме бројот „Пи“, огнот, манастирот, светлината, огледалото како неантропоморфни ликови. Основната цел на овој труд е да се прикажат одредени неантропоморфни ликови во романот на Венко Андоновски и нивната функција во романот. Имено, преку примери, цитати, а секако преку свои гледишта, со шеми и прикази успеавме да прикажеме и анализираме одредени неантропоморфни ликови и да зборуваме за нивната функција во романот.

Анка Обреновић за клавиром у огледалу дневничких записа

Обреновићи и књижевност, 2024

Анка Обреновић је у младости учила музику, стране језике, ручни рад и читала књиге, о чему сведоче и написи у њеном Дневнику. У салону својих родитеља, Томаније и Јеврема Обреновића, имала је прилику да упозна истакнуте интелектуалце, уметнике, дипломате, али и да покаже своја знања и умећа. На клавиру је изводила салонске композиције европских композитора, активно учествујући у разговору са угледним гостима. Њена изразита склоност ка активном друштвеном животу, дошла је до пуног изражаја након повратка из емиграције 1859. када је као зрела жена посредством својих салона јачала утицај у друштву и остваривала политичке амбиције и циљеве. Кључне речи: Анка Обреновић, салон, клавир, музика.

Металитературните сегменти во „Театарски роман“ на Булгаков и во „Вештица“ на Андоновски

Трудот претставува компаративна студија во која се истражуваат металитературните наративни постапки во два романи од две различни епохи и две различни култури – „Театарски роман“ на рускиот автор Михаил Афанасиевич Булгаков од 1937 година и „Вештица“ на македонскиот автор Венко Андоновски од 2006 година. При споредбената анализа на двата романи особено внимание се обрнува на идентичните, односно на еквивалентните металитературни сегменти во двете нарации. Имено, металитературни сегменти се оние делови од нарацијата во кои се зборува за особините на книжевно-теорискиот метајазик или, поинаку кажано, тоа се раскажувачки фрагменти во кои литературата говори за карактеристиките на самата литература (структурата на книжевното дело, неговата естетска, односно уметничка вредност и слично). Станува збор, всушност, за една типична постмодернистичка постапка што се среќава во двата романи што се анализираат во овој труд. Во воведниот дел на трудот се нуди една кратка елаборација на терминот металитература, додека во главниот дел се врши конкретна анализа на апликативниот материјал (двата споменати романи) од аспект на сличностите, но и на разликите во примената на металитературната наративна стратегија. Во заклучокот се нагласува дека резултатите од анализите на двете книжевни дела покажуваат оти и покрај дистанцата (временска, просторна и културна), сепак, двата романи („Театарски роман“ на Булгаков и „Вештица“ на Андоновски) поседуваат идентични металитературни сегменти што, пак, од своја страна ја потврдува тезата за раскажувањето како универзална категорија.

Карневализација у романима „Петровградска прашина“ и „Андраци, јепури и остала најважнија чудовишта Петровграда и средњег Баната“ Војислава Деспотова

Зборник радова: 47. састанак слависта у Вукове дане, Међународни славистички центар, стр. 351–358., 2018

Тумачећи постмодернистичку природу романа „Петровградска прашина” и „Андраци, јепури и остала најважнија чудовишта Петровграда и Средњег Баната” покушаћемо да увидимо на који начин ова дела опонашају елементе карневализације у формалном смислу, односно на који начин се жанровска и стилска поливалентност постмодерног романа може повезати са поетиком карневалистичке књижевности, односно менипејске сатире. Други део рада биће посвећен интерпретацији оних елемената Деспотовљеве фантастике који се могу тумачити као карневалски. На самом почетку, фокус нашег читања биће усмерен на специфичну природу „псеудопредања” које представља увод у фабулу Андрака, јепура... и њеног значаја за схватање природе карневалског света Деспотовљеве прозе. Тумачењем плејаде гротескних ликова покушаћемо да укажемо да Деспотовљеви романи припадају облику средњевековне гротеске, чија је поетика изједначавања „страшног” и „смеховног” нарочито изражена у овим делима.