Улогата и значењето на ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО во македонскиот правосуден систем - II дел (original) (raw)

2019, PROCEEDINGS - VI-th INTERNATIONAL SCIENTIFIC CONFERENCE ''SOCIAL CHANGES IN THE GLOBAL WORLD''

Овој труд настана во рамки на едногодишниот научно-истражувачки проект: Улогата и значењето на Државното правобранителство во правосудниот систем на Република Македонија, финансиран од страна на Фондот за научно-истражувачка работа на Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Тој е дел од една замислена поголема монографија посветена на овој специфичен орган во нашиот правен поредок, која ја работиме заедно со моите колеги од Катедрата за граѓанско правно на Правниот факултет при УГД. Во првиот дел, користејќи го правно-историскиот и нормативниот метод, опфатена е легислативната уреденост на оваа специфична институција во правниот систем на нашата земја, уште во периодот по Втората светска војна, кога Македонија беше дел од СФР Југославија – разгледувајќи го нејзиниот еволутивен пат низ сојузните и републичките закони. Потоа се разработува правниот статус и улогата на Јавното/Државното правобранителство во правосудниот систем на Република Македонија, согласно своевремено актуелната регулатива, која важела низ текот на годините. Во продолжение се разгледува правната природа на Државното правобранителство, како учесник во судската парнична постапка, па се продолжува со опис на внатрешната организациска структура на правобранителството, како државен орган sui generis. Во овој втор дел, опфатени се условите за именување и разрешување од функцијата државен правобранител; за да во последната глава се даде подетелен преглед на неговиот делокруг на работа – односно, на надлежностите и овластувањата кои ги има Државното правобранителство vis-à-vis неговите процесни диспозиции. Во план е и изготвување труд со компаративно-правен осврт на уреденоста на овој орган во правните системи на околните земји, а посебно меѓу земјите од екс-ју просторот.

Sign up for access to the world's latest research.

checkGet notified about relevant papers

checkSave papers to use in your research

checkJoin the discussion with peers

checkTrack your impact