Јувенал: прва сатира (original) (raw)
Јувенал: прва сатира
2019, Systasis Special Edition 5 (2019) 71-91
АПСТРАКТ Овој прилог e препев на македонски јазик на првата сатира на Јувенал. Препевот се темели врз текстот на сатирата подготвен од Браунд (Juvenal and Persius, edited and translated by Susanna Morton Braund, Cambridge MA: Harvad University Press, 2004). Придружен е со кус уводен текст и со белешки. Клучни зборови: Јувенал, прва сатира, македонски препев, римска книжевност Увод Збирката сатири од Деким Јуниј Јувенал што стигнала до нас преку ракописната традиција 1 е единственото дело што Јувенал го создал или единственото дело од овој автор што успеало да му одолее на немилосрдниот заб на времето. Во збирката се поместени шеснаесет сатири напишани во дактилски хексаметар, распоредени од нивниот антички издавач во пет книги. Од последната шеснаесет-та сатира се зачувани само 60 стихови, или зашто поголемиот дел од сатирата едноставно не е зачуван, или зашто ненадејната смрт го спречила авторот да ја доврши (Courtney 1967, 38). Во теоријата по-стои теза дека само првите шест сатири од збирката (книга I и II) се 1 За патувањето на текстот на Јувеналовите сатири низ вековите, види Parker (2012), 137-158.
Sign up for access to the world's latest research.
checkGet notified about relevant papers
checkSave papers to use in your research
checkJoin the discussion with peers
checkTrack your impact