Новооткриена работилница за стакло во Баргала (original) (raw)
Апстракт: Со археолошките истражувања во рамките на капиталниот проект Баргала 2007 – 2011 година, во рамките на Епископиумот на градот Баргала, дополнета е сликата за економијата на овој доцноантички град, со откривањето на работилницата за стакло. Оваа работилница откриена е во кула 7 од фортификацијата на градот Баргала. Во кулата откриена е печката за производсвто на стакло со димензии 1.90 Х 1.60 м. Печката може да ја поделиме на два дела: долен дел ложиште и горен дел изграден од тули . Врз основа на откриените монети во Епископиумот, целата економија во Епискоиумот (винаријата, производството на железо), па и работилницата за стакло, најверојатно биле користени во периодот на големите аваро – словенски напади почнувајќи од Jустинијан I (527-565 па се до првата деценија на 7 век односно до Mаврикиj Тибериj (582-602). Клучни зборови: Баргала, економија, епископиумот, работилница, печка, стакл