Violeta Nikolovska - Academia.edu (original) (raw)

Papers by Violeta Nikolovska

Research paper thumbnail of Македонската душа и душата во македонскиот јазик

Во трудот се прави дистинкција помеѓу метафоричното значење душа на народот кое имплицира етнолош... more Во трудот се прави дистинкција помеѓу метафоричното значење душа на народот кое имплицира етнолошки согледувања и поимот душа како компонента на животот. За таа цел консултираме соодветна филозофско-етнолошка литература и правиме анкета помеѓу студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и „Универзитетот во Тетово“ од Тетово. Прашањето на кое бараме одговор е: „Што е, според вас, суштината на поимот душа“. Ќе се задржиме на вредностите што на поимот душа му ги придаваат нашите испитаници. Во трудот ќе се осврнеме и на етимологијата на лексемата душа, нејзините семантички карактеристики и на лексемата душа како компонента на фразеолошки изрази

Research paper thumbnail of Српско-македонските културни врски во 19 век (врз примерот на делото на Ѓ. Пулевски

Ѓ. Пулевски двата од своите речници ги има отпечатено во Белград.Првиот од двата речника, „Речник... more Ѓ. Пулевски двата од своите речници ги има отпечатено во Белград.Првиот од двата речника, „Речникот от четири јазика“ (1873) е всушност петјазичник, во кој можеме да најдеме српски јазични толкувања во македонската јазична паралела. Особено е забележливо српското јазично влијание во „Речникот од три језика“ (1875). Многу е веројатно дека Пулевски и Шапкарев како основа за нивните трудови користеле српски учебници. Графискиот систем кој Пулевски го користи во Тријазичникот е многу близок до реформираната азбука на В. С. Караџиќ. Пулевски и Караџиќ се автори кои споделуваат иста скромност и минуваат трнлив пат на нивните усилби да ја зголемат писменоста на својот народ и национално да го освестат. „Историјата“ на Пулевски како основа ја има „Историјата“ на Јован Рајиќ. Творештвото засновано на меѓусебно почитување помеѓу македонските и српските автори раѓа дела со трајна вредност

Research paper thumbnail of Developing language competences during the acquisition of the second language

Acquisition of a second language is a special area of the scientific research. Teaching a second ... more Acquisition of a second language is a special area of the scientific research. Teaching a second language requires a special methodology. During the process of teaching a native language, the student acquires linguistic competences by adopting unconscious knowledge of the mother language as a conscious knowledge, and adopting the appropriate linguistic terminology; in the process of teaching a second language, he starts from the opposite direction: the processed and methodologically adapted knowledge referring the system of the foreign language is acquired, according to the latest communicative approaches in teaching, most effectively, in an unconscious manner. This means that the teacher does not teach grammatical rules in an explicit way, but prepares students to come to them in an implicit, inductive way. Then, the grammatical rules are only determined and become part of the learner’s conscious language competence. The traditional method is replaced by the communicative approach,...

Research paper thumbnail of The Macedonian soul and the soul in the Macedonian language

The Macedonian soul and the soul in the Macedonian language In the work, a distinction is made be... more The Macedonian soul and the soul in the Macedonian language In the work, a distinction is made between the metaphorical meaning of soul of the people which implies ethnological views and the term soul as a component of life. For that purpose we consult appropriate philosophically-ethnological literature and make a survey among the students of the University “Goce Delchev” of Shtip and the “University of Tetovo” of Tetovo. The question to which we seek an answer is: “According to you, what is the true meaning of the word soul”. We will also pay attention to the values which are ascribed to the word soul by our respondents. In the work we will take a look at the etymology of the lexeme soul, its semantical characteristics and at the lexeme soul as a component of phraseological expressions. Македонската душа и душата во македонскиот јазик Во трудот се прави дистинкција помеѓу метафоричното значење душа на народот кое имплицира етнолошки согледувања и поимот душа како компонента на живо...

Research paper thumbnail of Сематичките компоненти на лексемата убав

Темата на статијата ќе биде семантиката на лексемата убав. Преку анализа на етимологијата на оваа... more Темата на статијата ќе биде семантиката на лексемата убав. Преку анализа на етимологијата на оваа лексема, анализа на дефинираните значења во толковните речници и анализа на примери на јазична употреба ќе се обидеме да дадеме објаснување на тоа што е убаво во нашиот јазик. Поаѓаме од хипотезата дека убавото е добро („Добротољубие“, Манастир Хиландар: 2002, стр. 5). Анализата треба да опфати што е добро и за што е добро во употребата на убав во македонскиот јазик. Во анализата се послуживме со корпусот на примери од литературата на Дигиталниот речник на македонскиот јазик. Анализирајќи примери и од употребата на современтиот македонски јазик на интернет (публицистика, формуми), ќе се обидеме да утврдиме дали постојат поместувања во значењето на убав во контексти од поблиското и подалечно минато (Р. Крле, С. Попов, К. П. Мисирков) и денес

Research paper thumbnail of Супстантивизацијата на придавките како продуктивен зборообразувачки модел во македонскиот јазик

Во трудот се изделуваат два слоја супстантивизирани придавки во македонскиот јазик (едниот од пон... more Во трудот се изделуваат два слоја супстантивизирани придавки во македонскиот јазик (едниот од поново време, другиот од постаро време)кои се од различни семантички полиња. Се констатира дека супстантивизацијата на придавките е отворен и продуктивен зборообразувачки модел во современиот македонски јазик, кој може да биде решение за повеќе проблематични заемки во јазикот

Research paper thumbnail of Словенската лексика во македонскиот и во српскиот јазик

Македонскиот и српскиот јазик се генетски сродни јазици кои припаѓаат на истата подгрупа јазици о... more Македонскиот и српскиот јазик се генетски сродни јазици кои припаѓаат на истата подгрупа јазици од словенското јазично семејство - јужнословенските јазици. Како такви, тие споделуваат заеднички особини првенствено во лексиката и фонетиката. Во овој труд ќе се задржиме на парови лексеми кои претставуваат различен избор од наследениот словенски лексички слој, како и на примери во кои едниот јазик извршил заемање, а другиот не, или заемањето на лексемите се извршило од различни јазици. Со оглед на тоа што дијалектите покажуваат поголемо богатство на лексички план и поголема блискост во лексиката, ќе се задржиме само на состојбата во двата стандардни јазика. Лексемите ќе бидат анализирани од аспект на нивната етимологија

Research paper thumbnail of The Semantics of the Verb Forget and Its Syntactic Projections

Knowledge International Journal, Mar 24, 2017

Research paper thumbnail of Евалуација и реконструкција

In this paper we will focus on some lexemes whose appearance at the time of the codification of t... more In this paper we will focus on some lexemes whose appearance at the time of the codification of the Macedonian standard language was quite understandable, but today may have already matured to be reconstructed.

Research paper thumbnail of Српско-македонските културни врски во 19 век (врз примерот на делото на Ѓ. Пулевски)

Во трудот ќе се осврнеме на врските на Ѓ. Пулевски со српската културна традиција: учебниците кои... more Во трудот ќе се осврнеме на врските на Ѓ. Пулевски со српската културна традиција: учебниците кои му биле на располагање за изработка на некои од неговите дела, особено „Речникот од три језика“ (Београд, 1875) и „Историјата“ („Славјанско-маќедонската општа историја“, Скопје: МАНУ, 2003). Ќе поставиме теза и за врските на Пулевски со славниот Вук С. Караџиќ, со кого како да минуваа ист трнлив пат кон остварувањето на замислената цел – описменување на својот народ и негово национално издигање

Research paper thumbnail of Семантиката и погледот на светот

Јазикот не е само средство за комуникација меѓу луѓето. Јазикот е слика за луѓето што го користат... more Јазикот не е само средство за комуникација меѓу луѓето. Јазикот е слика за луѓето што го користат. И во поширока смисла, како одраз на менталитетот на народот во Хумболтовото значење, и во потесна смисла, како одраз на дијалектната, социјалната, културната, па и етничката припадност на оној што зборува. Во трудот ќе бидат анализирани две лексеми: страст и созерцание. Ќе бидат анализирани: нивното присуство / отсуство во секојдневниот јазик, контекстите во кои се употребуваат, нивниот семантички развој како и вредносната конотација што ја изразуваат. Нивната употреба во различни временски и функционални контексти, како и семантиката што ја изразуваат, ќе ни открие нешто за светогледот на заедницата што ги користи / користела

Research paper thumbnail of Лексиката при производство на млечни продукти во говорот на с. Црнилиште и на с. Ѓуѓанце - Светиниколско

У раду се анализира део лексике која се у истраживаним пунктовима употребљава у производњи основн... more У раду се анализира део лексике која се у истраживаним пунктовима употребљава у производњи основних млечних производа. Оно што нас је подстакло да спроведемо ово теренско истраживање јесте начин на који се припрема „тучени сир“ (мак. биено сирење) у светониколском крају. У току истраживања коришћен је компаративни преглед лексема којим се именује посуђе за прераду млека у млечне производе у два села: Црнилиште и Ђуђанце. Лексика којом је означено посуђе и начин производње млечних производа углавном је словенског порекла; али јављају се и лексеме несловенског порекла, тј. позајмице из турског и грчког језика, као и арапске и персијске позајмице те у малом броју и позајмице из немачког језика. Лексика којом се именују млечни производи у највећем броју случајева је словенска и понајвише одсликава културу становништва овог краја. Туђа лексика је усвајана заједно са појавом нових предмета, па се претежно среће код именовања посуђа

Research paper thumbnail of Семантичко-синтаксички импликации на глаголот чувствува

Предмет на анализа на овој труд ќе биде глаголот чувствува и тоа од аспект на семантиката што ја ... more Предмет на анализа на овој труд ќе биде глаголот чувствува и тоа од аспект на семантиката што ја изразува и синтаксичките конструкции што може да ги образува. Теоријата врз основа на која ќе ја вршиме анализата на конструкциите во кои се јавува глаголот чувтсвува е полската школа на семантичка синтакса (Grochowski i dr. 1984; Тополињска 1995). Според оваа теорија, глаголот чувствува, како глагол на сетилна перцепција, претставува предикат од втор ред. Предикатите од втор ред како прв аргумент го имаат човекот, а како втор аргумент, дел од внатрешниот свет на човекот. Вториот аргумент на овие предикати може да биде формализиран како зависна комплементарна реченица, на семантички план предикатско-аргументска структура или нејзин дериват, оформен како именска синтагма. Семантиката на глаголт чувствува се движи во правец од сетилно доживување до развивање на значење на осознавање со умот, поседување на знаење со помал степен на извесност. Како семантички примарни конструкции за овој гла...

Research paper thumbnail of Култура на изразувањето

Културата е важен сегмент во животот на човекот. Таа се врзува со идентитетот, стилот, естетиката... more Културата е важен сегмент во животот на човекот. Таа се врзува со идентитетот, стилот, естетиката. Културата во изразувањето значи однегуваност, благородност. Изразувањето е всушност, комуникација. Кому- никацијата е најчесто вербална и намерна. Меѓутоа, се изразуваме и свесно или несвесно и естетски, етички, еколошки. Во првиот дел од книгата зборуваме поопшто за културата во комуникацијата, а во вториот дел – за културата во јазичното изразување. Ја анализираме состојбата со културата на изразување во јавната комуникација. Укажуваме на местото што културата на изразување треба да го има во една општествена заедница: во образованието, медиумите, издаваштвото, администрацијата. Приложуваме и некои модели кои треба да се следат во усното и писменото изразување. На крајот, обрнуваме внимание на тоа што е лите- ратурнојазична норма – нормата на еден стандарден јазик. Зборуваме и за тоа како се одбира, како се развива и како се негува нормата на стандардниот јазик, која е составен дел н...

Research paper thumbnail of Transpositional usage of forms of grammatical tenses

Grammatical category tense is specific only for verbs. Grammatical tenses can be absolute and rel... more Grammatical category tense is specific only for verbs. Grammatical tenses can be absolute and relative. Absolute tenses are determined on time axis in terms of the moment of speaking about the event, while for determining relative tenses, in addition to the moment of speaking about the event, some other moment or time segment of the time axis are relevant as well. In Macedonian, relative tenses are future perfect and past perfect tense. In a language, forms are associated with meanings. Elementary forms that have meanings are morphemes. Accordingly, the forms of the grammatical category of tense which are formed with appropriate morphemes, but with auxiliary verbs and particles or other forms of verbs (non-finite or tense related) as well, have their own meanings. Forms of grammatical tenses can be used in their essential meanings, but they can also be used in meanings that are not their essential meanings, which are primary for other grammatical forms. This usage of forms of gramma...

Research paper thumbnail of Култура на изразувањето/Linguistic culture

Културата е важен сегмент во животот на човекот. Таа се врзува со идентитетот, стилот, естетиката... more Културата е важен сегмент во животот на човекот. Таа се врзува со идентитетот, стилот, естетиката. Културата во изразувањето значи однегуваност, благородност. Изразувањето е всушност, комуникација. Кому-никацијата е најчесто вербална и намерна. Меѓутоа, се изразуваме и свесно или несвесно и естетски, етички, еколошки. Во првиот дел од книгата зборуваме поопшто за културата во комуникацијата, а во вториот дел–за културата во јазичното изразување. Ја анализираме состојбата со ...

Research paper thumbnail of Семантиката на глаголот заборави и нејзините синтаксички проекции

Глаголот заборави спаѓа во групата на когнитивни глаголи. Според полската школа на семантичка син... more Глаголот заборави спаѓа во групата на когнитивни глаголи. Според полската школа на семантичка синтакса, глаголот е предикативен израз на предикат од втор ред. Карактеристично за предикатите од втор ред е тоа што го одразуваат внатрешниот свет на човекот, неговите интелектуални, емотивни и волитивни процеси. Согласно со ова, како прв аргумент на овие предикати се јавува човекот, а вториот аргумент на овие предикати е дел од внатрешниот живот на човекот. Целта на овој труд е да ја прикаже семантиката на глаголот заборави и нејзините синтаксички проекции. Анализата на значењата и на синтаксичките употреби ќе ја вршиме врз основа на примерите наведени во литературата што ќе ја користиме, како и врз основа на примерите од јазичниот корпус на Дигиталниот речник на македонскиот јазик, достапен за привилегирани корисници. Анализата ќе ја вршиме согласно со принципите на полската школа на семантичка синтакса. Во трудот ќе ги прикажеме синтаксичките особености на предикатско-аргументските стр...

Research paper thumbnail of Функционалните особености на лексемата камо

Предмет на интерес на овој труд ќе биде лексемата камо. Лексемата камо некаде е дефинирана како п... more Предмет на интерес на овој труд ќе биде лексемата камо. Лексемата камо некаде е дефинирана како прилог, некаде како партикула, има заменско потекло. Во трудот ќе се обидеме да дадеме нејзина морфолошка определба, да се осврнеме на нејзината етимологија и на нејзината функција во исказот. Лексемата камо ја разгледуваме од два аспекти: комуникативен (прагматички) и семантички. Од комуникативен аспект, ја определуваме како прагматички маркер, врз кого лежи комуникативниот фокус на соопштението, а од семантички аспект ги разгледуваме синтаксичките комструкции во кои се јавува и значењата кои во тие конструкции ги изразува. Лексемата камо е полифункционална (како што се повеќето прагматички маркери) и се употребува со различни степени на семантичка сложеност. Во трудот ќе се осврнеме и на употребата на турцизмот ќешки, со оглед на тоа што овие две лексеми се употребуваат во блиски позиции

Research paper thumbnail of Ги разбираме ли метапораките?

Јакобсон изделува шест учесници во комуникацискиот чин (и според тоа шест функции на јазикот како... more Јакобсон изделува шест учесници во комуникацискиот чин (и според тоа шест функции на јазикот како средство за комуникација): испраќач на пораката, примач на пораката, порака, референт на пораката (контекст), код, медиум – канал, средство преку кое се пренесува (симболично, знаковно) оформената порака (Jakobson 1960). Како што се гледа, централен сегмент во вака претставениот чин на комуникација е пораката, чие пренесување е всушност и цел на секој комуникациски акт. Секоја порака пренесува значење. Информира за референтите во стварноста. Во теоријата на Јакобсон, посебно не се изделува значењето на пораката, а се подразбира денотативното значење на секоја порака, содржано во нејзината референцијална карактеристика. Прагматиката се занимава со значењето во контекстот, т.н. „intended meaning of speaker“ (она значење што било во намерата на говорителот). Тоа се разликува од буквалното значење, од лингвистички оформеното, кодирано во јазичните единици значење на пораката, на пр. БЕБЕ СА...